Андон: Ќе се залагаме за унапредување на правата на Македонците во Општина Корча и пошироко

Претседателот на Комисијата за образование на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Нико Андон, во честитка по повод Новата 2025 година, на Македонците во Корча, им посака здравје, среќа, љубов и успех во нивните семејства.

– Како член на Извршниот комитет и претседател на Комисијата за образование на Македонска алијанса за европска интеграција, ќе продолжам да се залагам за заштита и унапредување на образовните права на Македонците во Општина Корча и пошироко, стои во честитката.

Додава, дека образованието е темелот на зачувувањето на нашиот идентитет, јазик и култура, и во Новата година оваа мисија останува наш врвен приоритет.

– Нека 2025 година биде година на сплотеност и заеднички успеси за сите Македонци во Албанија. Да чекориме заедно, посилни и повредни од кога било, во реализацијата на нашите цели. Среќна Нова година, посакува Нико Андон кој живее во Корча.

©Македониум