Делегација на МАЕИ на традиционалниот божиќен прием во митрополијата во Корча

Делегација на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), денеска беше во посета на митрополијата на Корча.

– Заедно со членовите на Извршниот комитет на партијата, Атанас Плоча и Нико Андони, присуствувавме на традиционалниот прием во седиштето на Корчанската митрополија, по повод големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ, изјави за Васил Стерјовски, претседател на партијата.

Додаде дека на митрополитот Јован, а преку него и на верниците во митрополијата му го честитале празникот и му посакале добро здравје, радост, среќа, благосостојба а се заложиле и за продолжување на верската хармонија, по која е препознатлива Албанија.

-Од наше и од име на партијата и Македонците, и до сите верници во земјава и светот, кои го слават Божик според Грегоријанскиот календар, упатуваме честитки со желби за среќен и благословен Божик, исполнет со мир, љубов и благосостојба, посочи Стерјовски.

©Македониум