Стерјовски во Барселона на средба со министерот за јазична политика во Владата на Каталонија

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ Васил Стерјовски во Барселона се сретнал со Франсеск Ксавиер Вила и Морено, министер за јазична политика во Владата на Каталонија.

Според Стерјовски, на средбата размениле искуства и мислења за јазичните права на малцинствата во Европа – тема од „клучно значење за зачувување на културната и јазичната разновидност на нашиот континент“.

-Министерот Морено го запознав со положбата и предизвиците со кои се соочуваат Македонците во Албанија, притоа нагласувајќи ја важноста на меѓународната соработка во заштита и промоција на јазичните права, изјави Стерјовски.
Додава дека ваквите средби не се само платформа за размена на идеи, туку и можност за градење мостови меѓу заедниците и заедничко залагање за еднаквост и почитување на човековите права.

©Македониум