Надвор од границите – зајакнување на младите преку читање и литература е можеби најубавата етикета за опишување на врските што литературата ги создава меѓу културите на соседните земји. Членови на Организацијата за литературно и културно активирање, при општина Пустец, беа дел од Балканскиот младински поетски камп „Ванчо Николески“, со драгоцено присуство на македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски, каде беше претставена книгата „Американски сон“, издадена на албански и англиски јазик од издавачката куќа „Тоена“ и беа доделени благодарници за оваа книга!
Ретко се случува на вакви книжевни средби, авторот на книгата, протагонистот на настаните г. Беќир Потка и преведувачот на книгата на англиски јазик, проф.ас. Ериола Боња Ќафзези и радоста за предлогот да се преведе оваа книга на македонски беше многукратна!
По презентацијата на романот, присутни поети, интелектуалци, претставници на општина Пустец и млади луѓе од Албанија, Македонија, Бугарија и Грција се вклучија на отворена сесија за прашања и дискусии за книгата и важноста на литературата во нивните животи.
©Македониум