Во Солун организиран Форум за човекови права

Обединета македонска дијаспора (ОМД) во партнерство со НПО Крсте Мисирков, денеска го организираа вториот Форум за човекови права во Солун.

ОМД соопшти дека фокусот на форумот беше иднината на правата на малцинствата, бенефитите (економски, туристички, културни итн) на Република Грција, имајќи мултиетничко општество, како и колку едукацијата е клучна во креирањето на сплотување во самата држава, а сето тоа поткрепено со примери од минатото кои ќе служат како поука за иднина.

Овој форум останува клучна платформа за зацврстување на позициите на малцинствата и застапување за човековите права во Грција.

Говорници на форумот бидеа реномирани професори од држави членки на ЕУ, претставници на европски организации, како и претставници на малцински групи од повеќе држави.

На форумот учествуваше и Васил Стерјовски, претседател на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција.

©Македониум