Стерјовски во Торонто ја посети црквата Свети Климент Охридски – најстарата македонска православна црква надвор од Македонија

Претседателот на партијата на Македонците од Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција МАЕИ, Васил Стерјовски, при неговиот престој во Торонто ја посети црквата Свети Климент Охридски – најстарата македонска православна црква надвор од Македонија, која претставува вистински духовен и културен столб за Македонците во Канада.

Стерјовски изјави дека со задоволство учествувал на богослужбата и на повеќе настани, каде што го пречека отец Сашо Целески, кој му покажал искрена гостопримливост и му подари библија.

– Оваа црква не само што ги згрижува духовните потреби на македонската заедница, туку е и дом на значајни образовни, културни и добротворни друштва, кои се грижат за зачувување на македонскиот етнички и културен идентитет. Посебно ме радува што Македонците од Албанија активно учествуваат во богослужбите и различни активности во црквата, со што ја зајакнуваат заедницата и ја продолжуваат македонската традиција во Канада, изјави Стерјовски.

©Македониум