МАЕИ И “ОБЕДИНЕТИ МАКЕДОНЦИ” ОД КАНАДА ДОГОВОРИЈА СОРАБОТКА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Претседателот на партијата на Македонците од Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција МАЕИ, Васил Стерјовски, во Торонто оствари средба со претседателот Ристо Дурловски и секретарот Драги Стојковски од организацијата “Обединети Македонци” од Канада.

На средбата се разменија мислења за положбата на Македонците во Канада и состојбата на македонската заедница во Албанија.

Исто така се договори соработка помеѓу “Обединети Македонци” и партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), со заедничка цел – промоција и зачувување на македонскиот идентитет.

©Македониум