Уметникот Генци Кадриу, Македонец со потекло од Голо Брдо, ќе се претстави со самостојна изложба во Тирана.
Изложбата ќе се одржи на 6-ти септември 2024 година, во Parking Art Gallery, во организација на Комитетот на националните малцинства и под покровителство на претставничката на македонското малцинство Марјана Костофски и потпретседателот Сеад Казанџиу, со поддршка на македонската амбасада во Тирана.
Генци Кадриу, кој потекнува од селото Требиште, област Голо Брдо, живее и работи во градот Фиер. Завршил високо образование на Академијата за ликовни уметности во Тирана во 1990 година, а меѓу неговите познати дела е „Македонија“ – уметничко прикажување на главните личности од македонската историја, изработено врз основа на историски материјали и моделирани во глина.
©Македониум