Во претседателската резиденција на Водно, нашата делегација имаше чест да оствари значајна средба со претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Претставниците на единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција, ја информираа претседателката за нашите активности и напори насочени кон афирмација и унапредување на положбата на македонското национално малцинство во Албанија.
На средбата беа разменети мислења за неодамнешниот попис во Албанија и ставот на претставниците на Македонците, кои не ги признаваат објавените резултати.
Претседателката Сиљановска Давкова изрази силна поддршка за нашите напори и повика на заедништво и обединет настап во работата за подобрување на положбата на македонската заедница.
Таа исто така ја нагласи важноста на пописите да ја отсликуваат реалната состојба во општеството, секогаш и без исклучок.
©Македониум