МАЕИ: ЧЕСТИТ ГОЛЕМИОТ КУРБАН БАЈРАМ

Македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) упати честитка по повод Курбан бајрам, еден од најголемите муслимански празници.

“Драги верници од исламска вероисповед, од мое лично име и од име на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, ви го честитам големиот празник Курбан бајрам, кој претставува симбол на солидарноста, и ви посакувам здравје, љубов, среќа и хармонија во вашите семејства. Од сè срце ви посакувам празничните денови, да ги поминете во добро расположение, покажувајќи ја солидарноста, меѓусебното помагање и почитување што се вредности на овој празник, стои меѓу другото во честитката на МАЕИ, потпишана од претседателот Васил Стерјовски.

Се изразува надеж дека ќе продолжат заедно да ги слават празниците на различните верски заедници бидејќи овие прослави се темелни столбови за градење и одржување на хармоничен соживот меѓу сите.

©Македониум