Во центарот на општината Пустец до македонската црква “Свети Архангел Михаил”, денес беше откриена спомен-биста на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, а по повод 121-годишнината од неговото убиство на 4 мај 1903 година кај село Баница, Егејскиот дел на Македонија.
Советот на општина Пустец, ја поддржа иницијативата и барањето на единствената македонска партија – Македонска алијанса за европска интеграција, за поставување спомен-биста на Гоце Делчев на плоштадот во центарот на село Пустец, што го носи неговото име. Спомен-бистата е дело на авторот Зоран Тошевски од Скопје и ќе претставува составен дел од културно-историскиот пејсаж на преспанскиот крај.
Во 2008 година Советот на општина Пустец едногласно донесе одлука со која плоштадот во Пустец го доби името “Гоце Делчев“, а поставувањето на оваа биста, според претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, ќе придонесе за зачувување на македонското културно-историско наследство и македонскиот идентитет во Албанија.
Водител на програмата беше Дончо Јанкула. На откривањето на спомен-бистата на Гоце Делчев присуствуваа: Отец Алексо Темелко, градоначалникот на општина Пустец Пали Колефски, претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски, министерката за култура на Македонија Бисера Костадиновска Стојчевска, градоначалникот на општина Ресен од ВМРО-ДПМНЕ Јован Тозиевски, министер советникот во македонската амбасада во Тирана Љуфтим Спахиу, членот на Извршниот одбор на Движењето “За наша Македонија” проф.д-р Катерина Тодоровска, потпретседател на Македонска алијанса за европска интеграција од Голо Брдо Едмонд Османи, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, навивачката група КОМИТИ, претседателот на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН Александар Јаневски, членот на Македонскиот национален совет на Србија Ивана Цветковиќ, претседателот на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија “Мирка Гинова” од Штип Трајче Димков, претседателот на Македонското патриотско здружение “В’мбел-Егеј” од Скопје Сотир Лукровски, претседателката на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија “Свети Герман“ од Скопје предводена од претседателката Васка Дојчиновска, поранеëниот градоначалник на опëтина Пустец, Едмонд Темелко и претседателот на Здружението на Македонците “Вардар“ од Ниш Благоја Илијевски.
Поздравни обраќања на откривањето на спомен-бистата на Гоце Делчев имаа градоначалникот на општина Пустец Пали Колефски, претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција м-р Васил Стерјовски, министерката за култура на Македонија Бисера Костадиновска Стојчевска, проф.д-р Катерина Тодоровска, претставник на ВМРО-ДПМНЕ, министер-советникот од македонската амбасада во Тирана Љуфтим Спахиу, градоначалникот на општина Ресен од ВМРО-ДПМНЕ Јован Тозиевски и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.
Спомен-бистата на Гоце Делчев ја открија градоначалникот на Општина Пустец Пали Колефски, претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров и скулпторот Зоран Тошевски.
На откривањето на спомен-бистата на Гоце Делчев присуствуваа повеќе гости од Албанија и Македонија.
Пред присутните со сплет на македонски народни песни и ора настапија членовите на Културно-уметничкото друштво “Гоце Делчев” од Битола.
Присутните уживааа во природата и убавините на Мала Преспа и гостопримството на Македонците од овој крај.
©Македониум