На 4 мај во село Делчево, општина Сандански, беше одбележена 121 годишнина од убиството на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев.
Делегации на Европската слободна алијанса (European Free Alliance – ЕФА), ОМО “Илинден” – ПИРИН, ОМО “Илинден“, Друштвото на репресирани Македонци во Бугарија и други македонски организации положија цвеќе и венци на споменикот на Гоце Делчев во село Делчево.
За животот и делото на Гоце Делчев говор одржа претседателот на ОМО “Илинден” Кирил Тилев.
Поздравни говори пред споменикот на Гоце Делчев одржаа и претседателката на ЕФА, Лорена Лопез де Лакале и кандидатот на ЕФА за еврокомесар Мајлис Росберг.
На поменот за вечен спомен на македонскиот херој Гоце Делчев пред неговиот споменик во село Делчево присуствуваа околу 40 делегати од цела Пиринска Македонија и од метрополата Софија.
Редовната почит што ја оддаваа македонските организации во Бугарија на Гоце Делчев и Јане Сандански, принуди некои локални власти и псевдопатриотски организации да почнат да го прават тоа, но на народот му беше премногу очигледно дека не даваат пет пари за овие “нивни“ херои.
За срам на државата, присутни беа и непотребно голем број полицајци и луѓе од безбедносните служби кои го снимаа настанот. Тие повторно планирале забрана за користење знамиња и плакати и го повикале Кирил Тилев во полиција во Сандански да го предупредат, но присуството на делегацијата на ЕФА ги исплашило и не се осмелиле да направат било што.
Ова повторно покажува дека постапките на Министерството за внатрешни работи се целосно незаконски. Државата троши непотребни средства за следење на мирни собири на мирни граѓани кои никогаш не сториле никаков прекршок или не создале проблем, а користи безбедносни лица како чувари и камери за следење на угледните граѓани наместо да се бори против корупцијата и криминалот.
Во секој случај, нивните постапки ја изложија земјата пред европските гости.
©Македониум