Спиро Дуковски, Македонец од Албанија на македонски јазик ја објави книгата “Последните православни семејства во подрачјето на Дебарско поле во Р.Албанија”.
Во книгата се зборува за малку историја за областа Дебарско поле во Албанија, по конкретно за селата: ЕРБЕЛЕ, ГОРНО КРЧИШТА, МАЌЕЛАРЕ, ОБОКИ и ДОВОЛАНЕ.
Поголемиот дел од книгата се прикажува за фамилјарните стебла на родовите кој порано живееле во овој крај, и кај му е потеклото на овие родови. Се збoрува за период над 150 години наназад и се прикажани според фамилите од 5-то до 8-мо поколение со кратки податоци за секој член од фамилијата (споменати се над 6500 личности).
Истo така, се покажува и поврзаноста со другите фамилии и за некој е прикажано и по женска линија.
Родовите за кој е пишано во книгата по села се:
ЕРБЕЛЕ: Дуковци, Стрезовци(Стефановци), Веловци, Трајовци, Баковци, Постоловци, Поповци, Казанџиевци,Марковци, Арбелци, Коларовци, Јакшевци, Клопчевци, Ошавковци, Чопкаровци (Серафимовци),Аговци, Бојаџиевци, Негриевци и Шулајковци.
ГОРНО КРЧИШТА: Аџиевци, Богдановци, (Мерџановци, Мирчевци), Василевци (Силковци), Камбуровци, Страшевци (поврзани по женска линија), Веловци, Радевци, Ѓорѓиевци, Пеповци, Јовановци, Ќутиновци, Постоловци и Михајловци.
ОБОКИ: Миовци (Анѓеловци), Костовци, Обочки.
МАЌЕЛАРЕ: Спасовци, Арсовци(Маќеларци), Тодоровци, Димитриевци и Стојковци.
ДОВОЛАНЕ: Деолци, Негриовци, Павловци и Таневци.
Кој потекнува од овој крај и сака да ја има ова книга, да дознае за неговото потекло, за неговите корени, за поврзаноста со неговите роднини, за историјата на крајот на неговите предци и сака да има нешто напишано, за себе, за неговите деца, внуци и поколенија, да не се забораваат корените, нека се јави кај авторот Спиро Дуковски.
©Македониум