215.000 евра за бугарски пасош и акции во Турција/ Полицијата го уапси измамникот во Тирана

Во Тирана, полицијата уапси работник во банка откако зел 215.000 евра од граѓанин со цел да му извади бугарски пасош и акции во фирма во Турција.

Лорин Џелилај, вработен во банка во Тирана, е уапсен од полицијата, бидејќи е обвинет за проневера на 215.000 евра со измама. Според полицијата, приведениот одзел значителна сума пари од 26-годишниот Денис Бузали.

Лорин Џелилај, вработен во банка во Тирана, е уапсен од полицијата, бидејќи е обвинет за проневера на 215.000 евра со измама. Полицијата при шифрирана акција „Транспортер“ од 38-годишникот запленила 108 илјади евра.

Според полицијата, приведениот одзел значителна сума пари од 26-годишниот Денис Бузали, под изговор дека ќе обезбеди издавање бугарски пасош, како и дека ќе го направи акционер во приватна компанија во Турција.

Денис Бузали му ги дал парите на Лорин Џелилај пред околу 8 месеци, приходи од бизнисите на неговото семејство со ветување за бугарски пасош и акции, бидејќи имал намера да го прошири бизнисот во странство. Одвреме-навреме го прашуваше Џелилај за пасошот и акциите во Турција, но 38-годишникот се оправдуваше велејќи „дај ми малку време, ќе го направиме тоа наскоро“.

Бузали во последните недели почнал да се сомнева дека можеби се работи за измама и побарал од Џелилај да ги врати парите, а овој му рекол дека ќе ги врати бидејќи не може да извади бугарски пасош и акции.

Но, во моментот немал пари, бидејќи според него ги вложил и во втор момент ќе му ги даде на Бузали. Во такви услови Денис Бузали отишол во полиција да го пријави случајот. Секторот за економски криминал по истрагата ја организирал операцијата „Транспортер“ и на Лорин Џелилај му била пронајдена само половина од парите што ги добил од Бузали.

Албанската полиција во последните месеци имаше полни раце работа со бизнисот со бугарските пасоши и уапси повеќе лица кој со измама земела по децетици ијлади евра за еден бугарски пасош. Исто така, во декември 2023 година полицијата уапси тројца вработени во општина Булќиза кој за пари издавале лажни потврди за бугарски потекло за добивање на бугарско државјанство.

©Македониум