Во Неј на Сена, на 27.11.1919 година, бил потпишан Мировен договор меѓу сојузните здружени сили и Бугарија. Со овој договор биле изменети одредбите од Букурешткиот договор од 1913 година со коишто Македонија била поделена меѓу Србија, Грција, Бугарија и Албанија.
Букурешкиот договор за поделба на Македонија претрпел „корекции“, главно во југоисточна Македонија, Струмица и нејзината околина. Територијата на Струмица и околината што во Букурешт е припишана на Бугарија во Париз е припоена кон новосоздаденото кралство на Србите, Хрватите и Словенците (СХС). Со оваа „корекција“, вклучувајќи ги „корекциите“ на границата со Албанија кај Дебар и кај манастирот “Св .Наум”, Македонија е повторно поеделена.
Македонија која во своите целосни географски граници, коишто одговараат на етничките, се простирала на површина од 69.232 километри квадратни била распарчена. Грција добила 35.169 км2 од Македонија, Кралството СХС 25. 774 км2, Бугарија 6.798 км2, а Албанија 1.491 км2.
Што СХС од етногеографска Македонија зграбила ФНРЈ вратила.
Стево Симски