Со слоганот – ПОМОГНИ, ДОНИРАЈ И ЗАШТИТИ ЈА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА започна хуманитарната акција за Нај ранливите категории

Во просториите на кафе барот ПАБ КАРАКТЕР во Скопје се оддржа голема хуманитарна акција со наслов: ПОМОГНИ, ДОНИРАЈ И ЗАШТИТИ ЈА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА.

Хуманитарниот настан беше во организација на хуманитарната иницијатива ‘Нови сончеви панели – NSSPV’ која обезбеди околу 25 пакети за социјално загрозени фамилии, лица со телесен инвалидитет, лица без родители и стари и изнемоштени лица. Целта на хуманитарната акција е да излезе во пресрет на ранливите категории на лица, на еден симболичен начин на прагот кога доаѓа зимата, да им даде значајна поддршка во домакинскиот буџет. Со овој гест, дава искажана грижа кон ранливите категории.

Со хуманитарната грижа и посветеноста, вредноста и солидарноста беше дадена поддршка кон Еко стандардите и зачувување на еко животната средина. Хуманитарната иницијатива ‘Нови сончеви панели – NSSPV’ има за цел, љубовта кон заштита на животната средина да ја преточи во хуманитарна мисија.

Ова е прва хуманитарна акција на брендот NSSPV, а до крајот на оваа година ќе се организираат уште неколку хуманитарни акции и во други градови низ Македонија.

©Македониум