Македонците во општина Пустец ќе го прослават „Св. Архангел Михаил“

Големиот христијански празник „Св. Архангел Михаил“, ќе биде одбележан во Пустец, Мала Преспа.

– Во чест на големиот христијански празник „Св. Архангел Михаил“, на 21 ноември, во црквата „Свети Архангел Михаил“ во Пустец ќе се богослужи утринската свечена богослужба со почеток во 7 и 30 часот. После светата литургија ќе се приреди богата трпеза во трпезаријата на црквата за сите верници. Добредојдени се сите наши сонародници од Пустец и Преспа, изјави отец Алексо Темелко.

По повод празникот ќе се организира и богата прослава со жива музика.

©Македониум