НЕСТОР КОЛЕ ОД МАЛА ПРЕСПА СЕ ДЕКЛАРИРАЛ МАКЕДОНЕЦ ВО АВСТРАЛИЈА ВО 1937 ГОДИНА

Мигрантот Нестор Коле бил етнички Македонец од Албанија, кој пристигнал во Австралија во 1928 година со албански пасош.

Во 1937 година, Нестор Коле, роден во 1888 година, етнички Македонец од село Глобочени, областа на Мала Преспа, Албанија ја регистрира својата националност како Македонец кога поднесува барање за австралиско државјанство.

Тој исто така пред австралиските власти изјави дека и неговата мајка и татко, родени пред 1880 година, исто така биле Македонци.

Овие документи од Национални архиви на Австралија ги откри новинарот Саша Узунов од Австралија.

©Македониум