Членот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Јован Шкемби со давање свечена заклетва на седницата на Советот на Општина Подградец и официјално е нов член на Советот на Општина Поградец.
Исто така, Советот на Општина Подградец го избра Јован Шкемби за претставник на Советот на Општина Подградец во Советот на Округот на Корча.
Советот на Округот на Корча го сочинуваат 24 советници од 6-те општини на Округот Корча и тоа Корча, Подградец, Колоња, Пустец, Малиќ и Девол.
Партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во Советот на Округот Корча има двајца свои членови, генералниот секретар Таќо Гроздани, како претставник на Советот на Општина Пустец и членот на Централниот комитет Јован Шкемби, како претставник на Советот на Општина Подградец. Исто така, член во Советот на Округот Корча е и градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски.
На локалните избори што се одржаа на 14 мај годинава МАЕИ беше во коалиција со Социјалистичка партија и свои кандидати имаше на листата на Социјалистите, освен за општина Пустец каде настапи самостојно, но го поддржа кандидатот за градоначалник.
Јован Шкемби (69) родум е од селото Церје, Мала Преспа, дипломирал на Земјоделскиот факултет во Тирана во 1977 година а живее во Поградец.
Јован Шкемби е член на Централниот комитет на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и истакнат член на македонската заедница во Албанија.
©Македониум