Претедателот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) Васил Стерјовски беше во посета на седиштето на Митрополијата во Корча по повод 25-годишнината од устоличување на корчанскиот митрополит Јован.
Стерјовски на корчанскиот митрополит Јован му ја честита 25-годишнината од неговото устоличување како корчански митрополит и му посакав добро здравје, радост, мир и спокојство.
Стерјовски, со корчанскиот миторполит Јован раговараше и за состојбата со македонските верници и со верските објекти во Мала Преспа и единствениот манастир во ова подрачје, манастирот „Света Марина“ во Туминец.
©Македониум