Република Бигарија има повеќе билатерални и меѓународни договори коишто ги потпишала, а не ги почитува. Дел од Договорите се потпишани, но не и ратфикувани под изговор дека се косат со нивните уставни одредби.
1. Договор (потпишан помеѓу ФНРЈ и Бугарија) со кој Бугарија се обврзала да ги осигура правата на Македонците во Бугарија за слободен национален, економски и културен развој;
2. Договор (од 1947 год.) со којшто се дефинирале бугарските погледи кон македонската историја (наведено е дека Самоиловата држава не е западно бугарска држава туку типична феудална држава во која доминантно население се македонските словени.);
3. Декларацијата на ООН за човековите права;
4. Европската рамковна конвенција за национални малцинства:
5. Меѓународен пакт за граѓански и политички права:
6. Меѓународен пакт за економски, културни и социјални права. Во повеќе тужби до Меѓународните судови за човекови права Заедницата на Македонците во Бугарија поднесла тужби против Бугарија за нарушување на човековите права и ги добила тужбите. Решенијата за добиените тужби биле советодавни и Бугарија била обврзана да плати парична казна на Заедницата на Македонците со симболичен износ.
Стево Симски