Споменикот на Македонецот Никола Калфа гордо ги пречекува посетителите на „Rozafa Fish Cyti” во југоисточниот град Малиќ, Албанија, објави на Фејсбук Васил Стерјовски, претседател на единствената македонска партија во Албанија, МАЕИ.
Наведува дека споменикот го поставил познатиот претприемач Ѓерѓ Луца, кој ја заживеал поранешната фабрика за шеќер во овој град, враќајќи и го стариот сјај преку инвестиции и работа.
Споменикот, како што изјавил Луца го подигнал во чест на Никола кој ја водел фабриката за шеќерот во славните години.
– Овој човек овде е Никола Калфа, поранешниот директор на комбинатот кој учествуваше во изградбата на овој голем комбинат, а потоа го водеше со илјадници вработени, од Корча, од околината, од Малиќ. Ова е за спомен на овој великан, изјавил Луца.
Нагласува дека пожртвуваноста и работата на таквите луѓе треба да се промовира кај сите млади луѓе, да се мотивираат луѓето, додавајќи ” дај Боже и сегашното време да создаде мажи како работата на овие овде, кои беа 24 карати”.
©Македониум