Предавање на македонскиот амбасадор Данчо Марковски на Универзитетот во Тирана

Во просториите на факултетот за странски јазици, кој делува во рамките на најстариот Универзитет во Тирана, Амбасадорот Марковски пред професорите и студентите одржа предавање на тема: „Македонско – албански односи, сегашност и перспективи“.

Слушателите беа информирани за актуелните политички односи, како и билатералната соработка помеѓу Македонија и Албанија, со посебен акцент на културната, образовната и економската соработка.

Интерактивниот пристап овозможи интересни прашања и коментари од страна на студентите од нивен интерес.

Предавањето на амбасадорот Марковски беше во рамките на напорите на Амбасадата за ревитализација на одделот за македонски јазик, за што амбасадорот Марковски договори средба на деканката на Факултетот проф. д-р Есмералда Кромида со директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик и култура, проф. д-р Весна Мојсова- Чепишевска во текот на месец мај.

По Универзитетот “Фан Ноли” во Корча, Универзитетот Тирана е втората високо образовна институција на која ќе се изучува македонистика и истата е во рамките на владините политики – Министерството за култура за ширење и промовирање на македонскиот јазик и култура.

©Македониум