Подпретседателот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Ендрит Фетаху е кандидат за советник за Општина Тирана на листата на Социјалистичка партија.
Ендрит Фетаху беше преставен од градоначалникот на општина Тирана, Ерион Велиај како дел од македонската зааедница и МАЕИ на кандидатската листа на Социјалистичка партија.
Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), на локалните избори што во Албанија ќе се одржат на 14 мај, е во изборна коалиција со владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама.
Во Општина Пустец МАЕИ ќе имаме своја кандидатска листа за советници и ќе го подржи сегашниот градоначалник Пали Колефски, додека во други општини во кандидатските листи на Социјалистичката партија има кандидати на МАЕИ.
©Македониум