Колефски: Водата за пиење во Пустец е во рамките на дозволените стандарди

Градоначалникот на општина Пустец ја отфрли вистинитоста на наодите искажани во емисијата „Пирањат“ на Сири ТВ, кои во својата емисија пренесоа дека според анализите што ги направиле за параметрите на водата, водата за пиење од новиот водовод во Пустец има високо ниво на бактериолошка загаденост и не се препорачува за пиење.

Според градоначалникот Пали Колефски со изградбата на водоводот во Пустец од страна на општина Пустец се направени сите анализи за проверка на параметрите на водата, во три различни лаборатории, и во 2023 година се направени 4 проверки и во сите случаи, водата беше во рамките на дозволените стандарди.

Подолу целата реакција на градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски:

Почитувани сограѓани од општина Пустец,

Вчера во емисијата „Пирањат“ беше емитуван прилог поврзан со водата за пиење во нашата општина. Чувствувам морална и граѓанска обврска, како еден од вас, да ја разјаснам ситуацијата пренесена во емисијата за водата што ја консумираме секојдневно.

Завршената инвестиција за изградба на водовод во Пустец е до денес најпотребниот и најважниот проект за решавање на овој проблем што со години постоеше во нашата општина. Повеќето села од оваа општина страдаа од недостиг на вода за пиење, а денес со голема гордост успеавме да го снабдиме целото население со вода. Ова е, исто така, благодарение на вас кои не поддржувавте на секој чекор од нашето патување, здружувајќи се во многу дискусии и донесување одлуки.

Во врска со прилогот емитуван вчера, преку факти ве известуваме дека од страна на општина Пустец се направени сите анализи за проверка на параметрите, во три различни лаборатории, каде само оваа година имаме извршивме 4 проверки. Во сите случаи, водата беше во рамките на дозволените стандарди. (Во прилог на статусот, најдете ги документите кои ги покажуваат одговорите на анализите.)

Општина Пустец ги исполни сите обврски за вршење периодични контроли од ваков тип, без да наиде на проблеми, потврдено и од одговорните институции.

Инициравме контрола на параметрите на водата, при што сме целосно подготвени да ги преземеме сите мерки за да ја потврдиме автентичноста на овие информации пренесени до вас. Врз основа на ингеренциите што ги имаме како општина, ова е и останува наша единствена обврска. Останатото е методолошки и научен процес кој го исполнуваат институции кои не се зависни од нашата општина.

Ви гарантирам дека ќе продолжиме да работиме со вистинска посветеност за да обезбедиме висок квалитет на живот во секоја насока, стои во реакцијата на Колефски.

©Македониум