КРСТОПАТ НА СОЛЗИТЕ
Се топи последната капка
го бакнува студениот образ
топол бакнеж на студено срце.
Капката патува до крајот
и испарува зад каменот на студот.
Од другата страна
од страната на волшебноста,
се слуша гласот
на нешто необично.
Цветот е волшебен
остануваат да плачат
сините очи.
Крајот е тажен
а тагата неподнослива.
Кај ли се крие силата
само твоето срце знае.
Се топи последната капка,
црпи уште еднаш
од синото море на очите.
Изворот се суши
очите печат
жалај ја мајко
ни солзи нема сега
од каде да течат.
ТРОШКИТЕ НА ЉУБОВТА
Заминуваш без поздрав, налутен
се преправаш дека ме мразиш
и длабоко во срцето се повеќе
Ме сакаш.
Да, сигурна сум во тоа,
ти го гледам во сјајот
на твоите очи
го читам на работ
од твоите усни
кои непрестајно го изговараат тој збор.
За тебе сега сум недостижна,
единствена и незаборавна.
Не престануваш да ме гледаш
и тивко воздивнуваш.
Јас сум единствената од многуте
девојки што си ги имал
која ти го заробила срцето
и те направила првпат
да се чувствуваш заљубен.
Те оддалечувам од мене
а зад тебе ги собирам трошките
на мојата и твојата љубов.
За тебе воздивнувам,
Ги собирам лисјата на искинатиот трендафил
а никако неможам и несакам
да ги избришам солзиве.
Тие се за тебе
тие се за трошките на љубовта
која сакам да ја заборавам.
Дола Шкeмби
Долна Горица, Преспа