Она што локалната власт со години не можеше да го направи, успеа да го направи сам еден човек. Ова е Спасе Терпо, наставник по историја во Пустец, кој во својата куќа го отвори единствениот етнографски музеј во Преспа.
„Ова е единствениот етнографски музеј на нашите простори, создаден од мене и моето семејство. Идејата произлезе од тоа што ние сме старо семејство и имавме многу стари предмети од нашата област и носии, а имајќи многу туристи од различни земји, решив во дел од мојата куќа да го ставам целиот овој мебел, предмети и носии каде што се расплетува нашата култура и традицијата на нашите предци“, изјави учителот Спасе Трпо за Еуроњуз Албанија.
Учителот нагласува дека немал помош од државата и дека сета ова работа е негова и на неговото семејтво.
„На почетокот го создадовме јас и моето семејство, без ничија помош, дури ни од државата или некоја друга организација, а сите овие работи, некои ги имав, а другите ги купив од мои роднини“, продолжи учителот.
Во внатрешноста на музејот може да се најде речиси се за начинот на живеење од претходните векови на оваа албанско-македонска територија.
„Музејот има два важни дела. Во еден дел има повеќе етнографски музеј, каде се претставени предмети, носии или како живееле нашите предци во средина, од 19-20 век. Ова е делот што туристите го претпочитаат и го гледаат повеќе. Другиот дел е делот на комунизмот, делата на диктаторот, покуќнината и работите од тоа време“, вели учителот.
Според професорот по историја, државата не прави доволно за промоција на културата и историјата на овие простори.
„За да се врати вниманието на традициите, требаше претходно да преземеме чекори, бидејќи повеќето предмети денес, дури и на нашите простори се фрлени и искршени и е многу тешко да се соберат. Мислам дека во иднина нешто ќе се направи од причина што тоа е традицијата и културата што покажува кој сме биле и кој сме“, нагласи тој.
Ова е пример за професионален човек кој решил тивко, но со големи дела да придонесува во својата област.
©Македониум