Централната изборна комисија на Албанија, на јавна седница, ја прифати пријавата доставена од единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ за учество на локалните избори на 14 мај.
Од МАЕИ информираат дека партиските органи ќе одлучат за начинот на учеството на локалните избори и за имињата на кандидатите.
Крајниот рок за доставување на кандидатските листи во ЦИК на изборните коалиции, како и на политичките субјекти кои самостојно ќе учествуваат на изборите е 27 март.
©Македониум