Многу се маките и жртвите на македонското население од селата од Преспа низ годините, но образованието на децата никогаш не било запоставено. Примери за ова има многу, има стотици момчиња и девојчиња кои завршиле средни училишта во земјава и странство. Во моментов тие придонесуваат во своите професии или во други сектори од економијата внатре и надвор од нашата земја.
Како што македонската заедница од областа Преспа е трудољубива, таа е и образољубива. Ги зачувалa јазикот, убавата народна носија, песните и ората, но и дарежливоста и гостопримството. Во оваа област има многу културни споменици. Кој дошол и не бил импресиониран од живописната природа на оваа област.
Обидите за отворање училишта во оваа област започнуваат во моментот на преродбата. Во 1903 година се првите конкретните напори, но првото училиште во селото Пустец се отвори на 10 септември 1908 година со 7 деца од предучилишна возраст и 22 деца од прво одделение. Наставник беше Александар Кузманов од селата од Струга. Училиштето во селото Глобочени е исто така отворено во овие години. Старата училишна зграда на ова село од 1913 година служела како таква до 1978 година.
По 1944-1945 година во сите села се отворија претшколски училишта на македонски мајчин јазик. Во 1950 година, беше отворено 7-годишното училиште во Пустец, а во 1983 година и средното училиште со два смера: општо и професионално.
Во 1960 година беше отворено 7-годишно училиште во селото Долна Горица.
Вреден придонес во развојот на образованието во областа на Преспа дадоа наставниците Борис Малевски, Никола Беровски, Лазо Ристо, Борис Стојани, Тодор Колевски, Методи Мале, Ѓорѓи Главче, Ѓорѓи Пандо и многу други.
Наставата до четврто оделение се одвива на македонски мајчин јазик, албанскиот јазик се предава како втор. Со демократските промени по 1991 година, наставата во училиштата на македонската заедница, се спроведува на македонски и албански јазик врз основа на програмите одобрени од Министерството за образование и наука на Албанија. Мајчиниот македонски јазик се предава од 5-8 одделение во основното училиште и е воведен како посебен предмет во првата и втората година во средното училиште. Учебниците се отпечатени во нашата земја, некои од нив се печатени во вид на помош во Македонија.
Настава во училиштата од оваа област следат околу 600 ученици годишно. Наставниот кадар е од локалното македонско население и се состои од 64 вработени. Училишните згради се делумно реновирани, но има голема потреба од наставна материјална основа. Во последниве години, има недостаток на неколку наслови на учебници и на наставните материјали за предучилишно, основното и средното образование.
Кога пишувате за областа Преспа, за образованието и културата во областа, не можете да заминете без да го споменете неговиот истакнат син, писателот со широк спектар Стерјо Спасе (1914-1989). Неговиот живот и работа е поврзано со неговото родно село, Глобочени, со областа Преспа и целата Албанија. Денес на албански и на македонски јазик, творат многу млади луѓе како што се Спасе Мазенковски, Валентина Илија, Ристо Сотир и др. Врските со соседните држави и пошироко ќе дадат нов развој во општиот развој на областа Преспа, особено во нејзиното образование и култура.
Областа на Преспа е една од најбогатите со важни културни вредности, како што се пештерските цркви од византиски и пост-византиски стил, црквата Света Марија изградена на островот Мал град во 14 век, заштитниот зид во Звезда изграден во век 8-п.н.е. итн. Од бројни културни вредности областа на Преспа ги исполнува условите за заштитено подрачје.
Со одлуката на Советот на министри бр. 80 од 18/02/1999 областа на Преспа беше прогласен за национален парк од втора категорија и е најголем на национално ниво.
Фоте Никола
Преспа 2002 година