Непознати лица деновиве ја украле црквата „Свети Васили“ во преспанското село Лескa.
Како што извести отец Алексo Темелко, крадците не можејќи да влезат низ вратите го скршиле покривот и таванот на црквата и направиле голема штета.
– По 10-ти пат е украдена црквата „Свети Василиj“ во село Лескa. За жал, крадците не се откриени. Од името на сите верници од село Леска апелирам до надлежните институции да преземат мерки за овој случај, рече отец Алексo Темелко.
©Македониум