Македонците во општина Пустец денеска го одбележаа празникот посветен на Св. Атанасиј Велики.
Во црквата Св Атанасиј во Пустец свечена литургија одржа отец Алекс Темелко.
Атанасовден локално познат како Танасовден претставува празник посветен на големиот христијански светител Св. Атанасиј Велики. Празникот народот го смета за средзимо и се верува дека главните студови веќе се поминати. Во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви.
©Македониум