Поранешниот српски претседател Борис Тадиќ изјави дека се чувствува виновен за тоа што додека бил претседател на Република Србија не упатил извинување на македонскиот народ поради некои лоши работи во историјата.
Тадиќ потенцираше дека за него било многу важно да се решат нерасчистените прашања од историјата, особено прашањето со црквата.
„Како поранешен претседател, упатувам извинување за да ја поправам мојата грешка којашто ја направив како претседател на Србија и не го сторив тоа.
На овој начин сметам дека придонесувам во зближување на двата народи.“ – изјави Тадиќ по завршната претстава на Охридско лето -2014.
Стево Симски