Хуманитарна организација “Свети Спас” од Скопје донираше 50 новогодишни пакетчиња за Македонските деца во Требиште, областа на Голо Брдо, во соработка со Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Ракометниот клуб “Енхалон“ од Струга и админстративната единица Требиште, областа на Голо Брдо.
Новогодишните пакетчиња на македонските деца им ги поделија претседателот на Ракометниот клуб “Енхалон“ од Струга, Дејан Костески и потпреседател на Македонска алијанса за европска интеграција и администратор на административната единица Требиште, областа на Голо Брдо, Едмонд Османи.
©Македониум