Лидерот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски беше во седиштето на Митрополијата во Корча каде беше примен од страна на корчанскиот митрополит Јован.
– Во Корчанската митрополија бев на традиционалниот прием по повод големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божик, кој се слави според Грегоријанскиот календар. На корчанскиот митрополит Јован му го честитав празникот и му посакав добро здравје, радост, среќа, благосостојба и хармонија, информираше Стерјовски.
Од негово и од име на партијата и Македонците, Стерјовски упати честитка и до верниците кои го слават празникот според Грегоријанскиот календар, посакувајќи им среќен и благословен Божик.
©Македониум