Васил Јанкула познат како Преспанскиот Херој организира акција за собирање на новогодишни пакетчиња за децата со посебни потреби.
По повод интернационалниот ден на солидарноста, Васил Јанкула заедно со своите пријатели ја реализираше првата донација со новогодишни пакетчиња за децата и младинци со оштетен слух и говор при училиштето “Кочо Рацин” Битола, каде беа топло пречекани од директорката и персоналот на училиштето.
Преспанскиот Херој најавува уште акции за децата со посебни потреби и упатува повик до сите хумани луѓе да донираат новогодишни пакетчиња со цел да внесат за миг малку радост за децата со посебни потреби.
„Преспански херој“ го нарече јавноста откако со своите подвизи покажа како е да им се пркоси на предрасудите и попреченоста. Васил Јанкула роден со церебрална парализа и во 2019 година помина повеќе од 3 илјади километри со својот трицикал низ цела Македонија со цел да докаже дека буквално „Сите се исти“ и дека неговиот пример треба да го следат и другите лица со попреченост.
©Македониум