Поетот Сотир Ристо од Мала Преспа застапен во книгата антологија на македонскиот краток расказ

Издавачката куќа “Темплум” ја издаде книгата антологија на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“. Во книгата се застапени 73 автор(к)и со вкупно 219 раскази. Уредници на книгата се Никола Гелевски и Владимир Мартиновски.

Меѓу застапените автори во книгата „Џинџуџе во земјата на афионите“ е и поетот Сотри Ристо со потекло од Мала Преспа кој е застапен со три кратки раскази.

Сотир Ристо е познат поет и прозаист од македонско потекло од Република Албанија кој пишува на македонски и албански.

Роден е на 16 март 1974 година во Леска, Мала Преспа. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје, на Катедрата за општа и компаративна книжевност.

Својот прв роман Ноќ на шепотите го објавил во Албанија (на албански јазик) за престижната издавачка куќа „Теона“. Романот го прикажува животните прилики на Македонците во Албанија за време на режимот на Енвер Хоџа. На македонски јазик ја објавил прозната книга Продолжено образование и други прози. Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, Џинџуџе во земјата на афионите (Темплум, 2022).

©Македониум