Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, упати честитка по повод 8 – Декември, Денот на Свети Климент Охридски.
– Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, на сите Македонци каде и да се им го честита денешниот празник „Св. Климент Охридски“. Нека ни е честит и вековит Денот на Свети Климент, македонскиот духовен патрон и заштитник на македонскиот народ, стои во честитката.
Се додава дека на овој празник го славиме ликот и делото на големиот македонски просветител „Св. Климент Охридски“, кој бил еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Свети Климент бил прв словенски епископ и основоположник на Охридската книжевна школа, стои во честитката.
©Македониум