21 октомври 2022 година, Кан, Франција – д-р Лефтер Методиев Манче е познат светски естетски хирург, трансплантер и универзитетски професор.
Лефтер Манче е роден на 29 септември 1935 година во село Загоричани, Костурско, Егејскиот дел на Македонија. Се родил како петто (од шест) дете во семејството Џидрови. Неговиот татко Методи, заедно со 72 мажи од селото бил затворен од монархофашистите во април 1945 година и осуден на 101 година робија на егејските острови (1945 – 1961). Во текот на граѓанската војна во Грција, неговата мајка Александра (Цана) и тројцата браќа (Димитар, Стево и Харила) загинале како партизани, а Лефтер го одгледувале неговата тетка Јана Манчева (сестра на мајка му) и тетинот Стево, по кои го носи и презимето.
Во текот на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, ги загубил својата мајка и своите тројца помлади браќа. Во 1948 година, на возраст од 12 години, е однесен во Будимпешта, Унгарија, како дете бегалец и сирак, преку преспанското село Љубојно и Битола. Неколку месеци по доаѓањето во Будимпешта, децата бегалци биле распределени во прифатилишта во повеќе градови и села во Унгарија, а Лефтер бил со група од 21 дете од Загоричани. По посетата на Македонско основно училиште, се запишал на Унгарско средно училиште каде матурирал во 1955 година. Потоа станал студент на престижниот Универзитет за физичка култура на Унгарија од кој четворица од неговите колеги студенти заминале и освоиле златни медали на тогашните Летни олимписки игри.
Во Унгарија, Лефтер завршил основно и гимназиско образование, а потоа како добар спортист од Факултетот за физичка култура (1955-1959), еден од најдобрите во светот во тоа време. Големата љубов кон медицината ја остварил веднаш потоа. Во 1959 година се запишал на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Дебрецен. По дипломирањето со одличен успех во 1965 година, Лефтер најпрво работи четири години како помошник доктор, а по положувањето на испитите во октомври 1969 година и стекнувањето со титулата доцент, останува да работи како асистент-професор на Универзитетската хируршка клиника.
На престижниот Универзитет за физичка култура на Унгарија дипломирал во 1959 година. Истата година се запишал и на Медицинскиот универзитет во Дебрецин каде дипломирал со највисоки почести SUMMA CUM LAUDE во 1965 година.
Од 1965 до 1973 година Лефтер Манче бил асистент по хирургија на Универзитетската хируршка клиника во Будимпешта. Потоа емигрира во Канада каде во 1975 година го положил американскиот медицински испит.
Во 1973 година, Лефтер Манче бил испратен од Универзитетот во Киев, тогашен СССР, и откако се појавила неговата студија за канцер на дојката во Германија, во април истата година бил поканет на водечкиот институт за истражување на ракот Финсен во Копенхаген, Данска. Таму останал два месеца, а потоа решава својата специјализација да ја продолжи во Канада.
Во јуни истата година, Лефтер Манче емигрирал во Канада. Објавувањето на неговите студии во меѓународни реномирани медицински списанија, му овозможуваат на Лефтер Манче да добие од канадските власти трајна виза за престој, по што ја започнал битката да го доведе и своето семејство. По долги шест месеци, унгарската влада дозволила неговата сопруга и двата сина да му се придружат во Канада. Меѓутоа, во Канада не му биле признати испитите, па морал да почне од почеток. Во текот на наредните две години ги положува американските испити, а од 1975 до 1979 година работи на Катедрата за општа хирургија на Универзитетската клиника во Отава. Во 1979 година ги положил канадските хируршки испити и во 1980 година Лефтер Манче ја отворил првата приватна клиника за естетска хирургија во Канада. Согледувајќи дека може многу повеќе да придонесе во естетската хирургија, Лефтер Манче почнал да патува по светот, посетувајќи познати специјалисти од оваа област. Тој го собира потребното знаење, по што почнува да работи како оператор-специјалист за трансплантација на коса, липосукција, пластика на лице, на очи и на гради.
Во 1980 година ја отвора првата приватна клиника во главниот град на Канада, Отава, ограничувајќи ги своите искуства за естетска хирургија по липосукција, пресадување на коса, естетика на лице, очни капаци и естетска хирургија на гради. Тој ја направи липосукцијата популарна и барана во Унгарија и Канада. Ги напишал првите написи за липосукција публикувани во канадската и унгарската медицинска литература, а исто така, е и автор на првата книга за липосукција во Канада.
Во 1984 година заминал за Кан, Франција, каде присуствувал на Првиот светски конгрес на пластичари за липосукција, по што почнува да оперира. Неговото име се појавува на канадските медиуми, а во 1986 година го пишува првиот вовед по липосукција кој истовремено е прва ваква статија од областа на естетската хирургија во Канада. Истата година во Будимпешта, одржал предавање на оваа тема, а неговите написи за липусукција се појавуваат во канадските, унгарските и француските медицински списанија. По 1987 година, на оваа тема Лефтер Манче одржал повеќе предавања ширум светот, а доктори од целиот свет доаѓаат кај него бесплатно на обука.
Од 1985 до 2005 година д-р Лефтер Манче бил естески хирург на многу познати Канаѓани.
Д-р Лефтер Манче ги обучувал и првите унгарски и македонски пластични хирурзи. Во 1995 година, на Клиниката за пластична хирургија во Скопје, д-р Лефтер Манче во соработка со сега веќе починатиот проф.д-р А. Мишковски, ги извршил првите операции за липосукција и трансплантација на коса. Потоа, соработува и со други македонски колеги, а вршел оперативни зафати и на приватната клиника “Ремедика“.
Во 2002 година, заедно со син му ја отворил и меѓународната Клиника за трансплантација на коса “Атлантик“ во Будимпешта (Атлантик Хајатултетеси клиника, Будапест), па оперира паралелно во Канада и Унгарија, како и во Скопје. Д-р Лефтер Манче до 2006 година, само во Канада извршил повеќе од 10.000 оперативни зафати на трансплантација на коса, липосукција, естетика на гради, пластика на лице и очи.
Патува низ целиот свет држејќи предавања за липосукција и естеска хирургија на лице. Во прилог на своите предавања, напишал многу написи за липосукцијата во повеќе канадски, американски, француски и унгарски медицински списанија. Исто така, пред своето пензионирање, основа и раководи со Клиника за трансплантација на коса во Будимпешта каде оперира од 2002 до 2012 година.
Член е на угледните друштва и институции: The Royal College of Surgeons of Canada; The International Society of Cosmetic Surgery; The American Academy of Facial Plastic & Reconstructive Surgery и член е и основач на The American Academy of Cosmetic Surgery и на The International Society of Hair Restoration Surgery.
Иако е познат светски хирург за естетска и пластична хирургија, д-р Лефтер Манче никогаш не го заборавил своето македонско потекло. Повеќе од две децении тој со својата коресподенција ја промовира вистината за Македонија. Од осамостојувањето на Македонија во 1991 година, па се` до денес, тој се вклучува во борбата за признавање на Македонија. Пишува писма до Советот за безбедност (1992) и има преписка со бројни и значајни личности на политичката сцена, меѓу кои и со поранешниот премиер на Велика Британија, Тони Блер, кој го уверува дека Македонија ќе го добие кандидатскиот статус на ЕУ. Тој се допишува со Ван дер Штул, Солана, Робертсон, како и со други министри во Унгарија, Канада и Австралија.
Основач е на Здружението на Македонците од Загоричани и спонзор на Загоричанската вечера која секоја година под негово покровителство ова здружение ја организира. Доктор Лефтер Манче е голем донатор и хуманист, кој ги помага Македонците и нивните организации и списанија во сите делови на Македонија.
Со одлука на Четвртото Генерално Собрание одржано на 10 и 11 август 1996 година, Светскиот Македонски Конгрес, како неформален Светски парламент на Македонците од сите делови на Македонија и во целиот свет, му го додели највисокото светско семакедонско признание на доктор Лефер Манче за живот и дело, почесната титула македонски сенатор.
На 29 септември годинава, д-р Лефтер Манче, го прослави својот 87 роденден со претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров, во Кан, Франција.
Светскиот Македонски Конгрес му посакува многу здравје и живот на македонскиот сенатор д-р Лефтер Манче.
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС