Министерот Тупанчески во Тирана оствари средба со Стерјовски

Министерот за правда Никола Тупанчески за време на работната посета на Албанија се сретна со Васил Стерјовски, Претседател на Македонската алијанса за европска интеграција.

На средбата се разговараше за правата на македонската заедница во Република Албанија.

Беа отворени повеќе прашања за унапредување на статусот на Македонците во албанското општество, како и за начините врз основа на кои Република Македонија и Република Албанија, во рамките на својата соработка можат да го помогнат овој процес.

Во таа насока во континуитет се преземаат активности за обезбедување на институционална поддршка за заштита и унапредување на културниот и јазичниот идентитет на македонското национално малцинство.

На средбата која се одржа во македонската амбасада во Тирана присуствуваше и Амбасадорот Данчо Марковски.

©Македониум