Македонскиот амбасадорот во Албанија, Данчо Марковски денеска учествуваше на тркалезната маса во која се дискутираше за претседавањето на Албанија со Советот за безбедност односна тема на дискусија беше: „Албанија членка на Советот на ОН: очекувањата на земјите од регионот за теми од заеднички интерес“, која беше организирана од Албанскиот институт за меѓународни студии (AIIS) во соработка со фондацијата Hanns Siedel.
Присутни беа и д-р Клаус Физингер- регионален директор за Југоисточна Европа, фондацијата Hanns Siedel, амбасадорот Газменд Турдиу- директор на Координативната единица на ОН-Министерство за Европа и надворешни работи на Република Албанија и амбасадорите од земјите во регионот.
©Македониум