РЕПОРТАЖА/ Езеро меѓу 3 граници, емисијата „Балкан“ за животот во Преспа

Новинарката Линда Карадаку и емисијата „Балкан“ од албанската телевизија АБЦ направија репортажа за Преспанското Езеро, пренесува Весник Македониум.

Преспанското Езеро е едно од слатководните езера во Европа кое граничи со три држави, Албанија, Македонија и Грција.

Со вкупна површина од 318,9 км2, 190 км2 од ова езеро и припаѓаат на Македонија, 84,8 км2 на Грција и 38,82 км2 на Албанија. Преспанскот езеро е највисокото тектонско езеро на Балканот со 853 метри надморска височина. Телевизијата АБЦ отиде до местото каде што се спојуваат трите граници на соодветните земји и разговараше со жителите од македонската заедница од албанска страна, кои го потенцираат недостатокот на инфраструктура, вода за пиење, канализација и електрична енергија, што би ја претворило во уште поатрактивна туристичка област.

Но, и покрај природната убавина, ова место изгледа тотално напуштено од државата. На прашањето на новинарката, жителите од македонската заедница од Пустец изразија разочарување од недостатокот на внимание од страна на државата.

Пустец е село кое изгледа тотално напуштено, бидејќи таму покрај некои деца живеат само стари лица, кои живеат само од сточарство и земјоделство.

„Државата мора да го сврти вниманието кон нас. „Треба да стави рака на ова место за да ја зголеми благосостојбата, но и да донесе што повеќе туристи“, вели еден од жителите.

„Овде останавме само ние постарите. Младите избегаа. Во нашето училиште има повеќе наставници од ученици“, вели друг жител.

Како што можете да видите од снимките донесени од емисијата „Балкан“, на ова од „Бога“ благословено место му треба рака од државата, за да го претвори во туристичка атракција, бидејќи таму наоѓаш вода и планини, сето тоа сплотени едни со други, стои во репортажата на емисијата „Балкан“ од телевизија АБЦ, пренесува Весник Македониум.

©Македониум