Македонците од Горно Крчишта, Албанија го прославија празникот Вознесение Христово-Спасовден

Македонците во Горно Крчишта, општина Пешкопеја, традиционално го одбележуваат христијанскиот празник Вознесение Христово – Спасовден. Прославата годинава се одржа во црквата “Свети Спас“, изградена во 1232 година. Оваа црква денес претставува споменик на културата во Албанија, заштитетна со закон. Во времето на Енвер Хоџа, црквата “Свети Спас“ ја делеше судбината со сите верски храмови низ земјата, беше претворена во магацин.

Црква Св.Спас, Горно Крчишта

На прославата се одржа и богослужба на Македонски јазик, на која присуствуваа Македонци од Ербеле и Крчишта и Македонци од повеќе места во Албанија и Македонија. Неизбежно, се кршеше и славскиот колач.

Преосветувањето на црквата “Свети Спас“, доизградена со помош од Македонци од Крчишта, посебно од Лефтер Радевски и фамилијата Дуковски, е извршена на 13 јуни 2009 година.

Селата Крчишта и Ербеле се македонски села во областа Поле, општина Пешкопеја, Албанија, оддалечени 10 километри од Дебар во Македонија.

После поделбата на Македонија во времето на Балканските војни 1912-1913 година, овие села припаднале на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, а од 1925 година со областа Голо Брдо биле дадени на Албанија, за таа сметка Кралството на СХС го добива манастирот “Свети Наум“ на Охридското Езеро.

Денес во овие села се останати неколку македонски фамилии, додека останатие Македонци под различни притисоци се преселени во други градови, нивните имоти се узурпирани. Истите притисоци ги чувствуват и преостанатите македонски фамилии во овие села.

Иако се раселени низ цела Албанија, Македонците од Ербеле и Крчишта не ги забораваат своите корени и одлично го забораваат Македонскиот јазик. За Спасовден од година во година се се’ повеќе и повеќе.

©Македониум