Македонската амбасада во Тирана: Глобочени пулсираше во духот на македонскиот јазик и култура

Македонската амбасада во Тирана изразува големо задоволство што беше дел од иницијативата за одбележување на Денот на словенските просветители браќата „Св. Кирил и Методиј“ во Глобочени, општина Пустец.

Ја поздравуваме активноста на Македонското друштво „Сонце“ и неуморната работа на почитуваниот Васил Стерјовски во промовирањето и презентирањето на културните активности на Македонците од Преспа, Голо Брдо, Гора и другите краеви на Албанија.

Присуството на првите луѓе од округот Корча, општината Пустец, професорите од Институтот за национална историја од Скопје и Филолошкиот факултет од Универзитетот „Фан Ноли“, хрватскиот амбасадор и македонист Златко Крамариќ, новинарот Веле Митаноски и хрватскиот поет Валерио Орлиќ, како и други претставници на Македонското национално малцинство, дадоа своевиден белег на оваа прва меѓународна научна манифестација во пријателска Албанија.

Глобочени, со музејот на писателот Стерјо Спасе се наметнува како значајно место на овдешните Македонци кои ја изразуваат својата посебност, јазик, култура и обичаи, истовремено станувајќи културна тангента која што ќе ги поврзува македонската и албанската држава и нивните народи.

©Македониум