Во Корча се одржа 4-то издание на Балканскиот фестивал на кој учествуваа најдобрите ансамбли, на едно вистинско празнување на традицијата.
Со изведби на ора и песни од целиот Балкан, домашните и странските уметници се здружија за да ја пренесат богата култура и традиција, пренесува Весник Македониум.
Шест балкански земји го промовираа своето традиционално наследство, на еден фестивал, каде натпреварувањето на фолклорните групи останува колку симболично толку и стимулативно за уметниците.
Фолклорните групи од Албанија, Македонија, Црна Гора, Грција, Босна и Херцеговина и Косово со парадата на нивните национални костуми, приредија спектакл на улиците на градот Корча.
Изведувајќи традиционални танци, песни и инструменти под звуците на народната музика, тие го претворија плоштадот кај стариот пазар во Корча, во центарот на „Балканскиот дух“.
Директорката на културниот центар на Корча, Блерта Балиу рече дека „Балканскиот дух е создаден четири години и има за цел да ја обедини уметноста на целиот Балкан затоа што сме толку слични едни на други“.
На последната вечер на овој фестивал што се одржа во театарот „Андон Зако Чајупи“, по одличниот настап на ансамблите на 6 -те земји учесници, Ансамблот „Студио Фолклор“ од Скопје, Македонија беше беше прогласен за победник на ова 4 -то издание.
©Македониум