Во Европа имало само две апостолски цркви: Македонската на Апостол Павле и Римската на Апостол Петар. Следи Јустинијан со насилен чин ја создал Цариградската патријаршија. Па зошто овде се говори „со насилен чин“ ? Затоа што црква морало да биде основана од некој Апостол! Токму и затоа само меѓу Рим и Цариград се воделе расправии, но никогаш меѓу Рим и Македонската-Јустинијана Прва потоа Охридска архиепископија. Расправите меѓу Цариград и Рим завршиле. Следи Цариградската патријаршија во 15 век била унијатска – под Ватикан. Токму и затоа Русите Цариград го проколнале и не го бранеле од Мехмед Втори, кој самиот признал дека тој бил само Комнен (Источноримски извори Р.Ланге) Па Комнените биле Македонци (поново Р.Ланге).
Бидејќи Рим од самиот свој почеток се борел за примат врз целото христијанство, тој во 750 година направил најголем фалсификат, тн.Константинова даровница, во која се наведува дека Константин Велики издал своја даровница, во име на папата, за негов примат и врз православието. За доказ дека ова била лага е наводот со Готите со кои со Рим се завршило, и се било владеено само од Цариград- во Рим повеќе немало цар. Па дури Јустинијан Први ги назначуваше папите, и тој нив за ушити ги тргал, ако тие не слушале итн. Со овие два наводи, се потврдува дека за владеењето на папите засекогаш сосе се завршило. Бидејќи Источноторимско Царство пропаднало, фалсификатот со тн.Константинова даровница до денес за Ватикан важи. Токму и затоа тој православието без прекин го уништува од 1071 година, и тоа во сојуз со исламот, а Мохамед бил само чедо на Рим, со неговото мухамеданство, кое во 2070 година повеќе ќе има муслимани отколку сите христијани. Ваквиот злостор на Рим не смее да му го опрости католичка Европа со своите католичките остапници – протестантите.
Бидејќи Источноторимско (ромејско) Царство било во судир со Истокот, тоа било ослабено. Тогаш Ватикан се вмешал кај Цар Самуил, кој со архиепископија за крал и со патријаршија за цар добива круни од Ватикан, на што се спротиставила македонската династија, чиј цар бил Василиј Втори Македонски. По поразот на Цар Самуил за кого се бореле и богомили (еретици), ним им се ваделе очите. И затоа царот бил наречен само едно: октонос. Што значи октон ? Само окт=он: окто= окати- извади. Бидејќи досега на ниеден јазик октон не означува-л убиец, Васил Втори Македонецот никогаш не бил убиец, туку само оковадач, окатувач. И затоа има-ло Водоча, Слепче итн.
Со крстоносните војни, кога во Цариград повеќе не постоел надлежниот цар врз православието, Латините на насилнички начин Пеќката црква ја отцепиле од „МАЈКАТА“ Охридска архиепископија. Следи токму затоа од архиепископија за крал таа за цар прераснала во патријаршија. Меѓутоа, со завладувањето на Османите, кои биле наследници на Македонското царско семејство Комнени (Ј. фон Хамер, тие Пеќката црква ја повратиле кон својата „МАЈКА“ Охридска архиепископија. Со наводов се завршила историјата на Пеќката црква.
Бидејќи во 18 век била укината Пеќката црква, а нејзиното возобновување било само од ненадлежниот султан, во 19 век на Балканот имало само Римјани (Ромејци) со главен град Цариград. Бидејќи постоела само едната Цариградска патријашија, сите на Балканот биле само едно Грци- само припадници на Цариградската патријаршија. Ова ни објаснува во 19 век имало само верски народи: турци=муслимани и грци=православни.
Што ова значело? Во кнежеството Србија имало само Ромејци и Грци, а никако било какви Срби. Тогаш била создадена Белградската митрополија. Бидејќи Белградската митрополија била само под Цариградската црква, објаснува немало српски народ. Следи токму таа митрополија прераснала во Српска патријаршија. Ова било неминовно, затоа што секоја православна држава мора-ло да има своја црква за таа држава како православна да биде признаета. Академикот на САНУ Сима Ќирковиќ во книгата „Србите меѓу европските народи“ (Загреб, 2008), пишува: „При пригода на прогласувањето на документот со кој султанот ја признал наследната власт во вазалното кнежество, во декември, 1830, Милош Обреновиќ на насобраните угледници им рекол: „Така, браќа, и ние постанавме од вчера народ“. Следи само од 1830-та година имало само Срби, а никако Бугари.
Со создавањето на српска држава, таа се ширела кон југ, и само од 1913 година таа окупирала македонски дел- никако порано. Па и затоа проблемот бил само од 1913 година. Со тоа што се оспорува Македонската православна црква, се оспорува Македонската држава и македонската нација. Дека црква=народ, истото тоа Српската православна црква го прави и со Црногорската православна црква, која била на црногрска држава и црногорска нација.
Ристо Ивановски