СМК: ВО ГОРА И ЖУПА НА КОСОВО НЕ ЖИВЕАТ “БУГАРИ” ТУКУ МАКЕДОНЦИ

21 април 2022 година, Приштина, Косово – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ги отфрла обидите на Софија – Гораните да ги декларира како “бугарско малцинство“ на Косово.

СМК повторува дека на Косово не живеат Бугари туку Македонци!

СМК бара Косовската Влада да ги признае Македонците во областите Гора и Жупа и да не подлегнува на софиските притисоци за менување на вистината и историјата за Македонците на Косово!

СМК најостро ја осудува антикмакедонската пропаганда на Софија меѓу Македонците во областите Гора и Жупа на Косово, претставувајќи ги за “Бугари“.

СМК ја осудува бугарската пропаганда во Косово за денационализација и асимилација на Македонците во “Бугари“.

СМК и натаму повторува дека Македонците на Косово, независно од вероисповедта, се неотуѓив и нераскинлив дел од Македонскиот народ! Македонците во Косово никогаш не биле, никогаш нема да бидат “Бугари“!
СМК потврдува дека најголемиот број Горани имаат македонско државјанство!

СМК апелира Македонската Влада да преземе сериозни мерки во грижата за положбата и правата на припадниците на Македонскиот народ на Косово!

СМК од властите на Косово очекува унапредување на положбата и правата на Македонците на Косово и продлабочување на македонско-косовските билатерални односи, но врз основниот принцип на меѓународното право на “суверена еднаквост” што подразбира: взаемно разбирање и почитување, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи. Што за Албанците во Македонија, тоа за Македонците во Косово!

©Македониум