Во Тирана се одржа “Вториот фолклорен фестивал на македонското малцинство

На 17 април 2022 година, во Тирана, се одржа “Вториот фолклорен фестивал на македонското малцинство во Република Албанија“ во организација на македонското друштво “Илинден“, со поддршка на Министерството за култура на Република Албанија.

На фестивалот со македонски ора и песни учествуваат фолклорни групи од областите на Голо Брдо, Мала Преспа и Гора, како и театарот “Скрб и утеха” од Скопје, Република Македонија.

На фестивалот присуствуваше и македонскиот амбасадор во Тирана, проф. д-р Данчо Марковски.

©Македониум