Промоција на македонското културното наследство во Албанија

Во рамките на програмските активности на македонската Амбасада насочени кон промоција на македонската културна баштина, во Тирана, се одржа работна средба на амбасадорот Данчо Марковски со директорката на НУ Завод и Музеј Битола, д-р Мери Стојановска. Тематски средбата беше посветена на можностите за организирање на изложби од фундусот на битолскиот музеј пред албанската јавност.

Беше постигната заедничка согласност во текот на следните месеци да биде организирана неколку изложбени поставки во Културно Информативниот Центар во Тирана, Драч и Берат, со оглед на мобилноста на експонатите.

Амбасадорот ја истакна улогата на битолскиот музеј во заокружувањето на активностите околу спомен куќата на писателот со македонско потекло Стерјо Спасе во село Глобочени, општина Пустец, што предизвика задоволство меѓу припадниците на Македонското национално малцинство во Албанија.

Разговорот беше искористен и за меѓусебно информирање околу проектот SMART-CUL-TOUR кофинансиран од страна на Европската Унија, кој е во рамките на ИПА програмата за преку гранична соработка помеѓу Македонија и Албанија, 2014-2020, чија цел е поттикнување на туризмот, заштита на културното и природното наследство, и обезбедување балансиран и одржлив социо-економски развој на преку граничните региони на Битола и Корча.

©Македониум