Единствената македонска партија, во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), ја поддржува рекацијата на граѓаните од село Горна Горица, општина Пустец и бара од Електродистрбуција да ги исплати штетите предизвикани од честите прекини во елекромрежата.
– Никако да завршат проблемите со струјата во општина Пустец. Откако жителите на македонската заедница во општина Пустец поминаа една недела без струја, вчера во селото Горна Горица, општина Пустец, како резултат на честите прекини на електричната енергија, причинета е голема материјална штета, каде изгореа стотина електрични апарати.
Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ ја поддржува реакцијата на жителите на село Горна Горица против операторот за дистрибуција на електрична енергија за предизвиканите штети, стои во реакцијата на МАЕИ.
Се додава дека МАЕИ бара од надлежните органи да формираат Комисија за проверка на штетите предизвикани од испадите на струја и жителите на село Горна Горица да бидат обесштетени за уништените апарати, бидејќи се редовни плаќачи на сметките за електрична енергија.
Сакаме да нагласиме дека граѓаните имаат право да бараат обештетување за евентуални штети од испадите на струја затоа што договорот помеѓу Операторот за дистрибуција на електрична енергија и потрошувачот предвидува компензација во случај на оштетување на опремата, како резултат на испадите на струја, се посочува во реакцијата на МАЕИ.
© Македониум