Амбасадорката на Франција, Елизабет Барсак, организираше средба на која присуствуваа германскиот амбасадор Петер Зинграф и македонскиот амбасадор Данчо Марковски.
Како што информираа од македонската амбасада во Тирана во разговорот преовладуваа темите за актуелната состојба во Украина и последиците што воениот конфликт може да ги предизвика. Барсак, чија земја претседава со Унијата и Зинграв ја истакнаа неопходноста од неодложно заокружување на процесот на интеграција на Северна Македонија и Албанија, односно затворање на постојните „џебови“, кои во дадена ситуација може да ја нарушат европската безбедносна структура.
Марковски од своја страна информираше за непосредните интензивни активности на македонската дипломатија во градењето мерки на доверба со Бугарија, кои што треба да резултираат со симнување на ветото и започнување на нова страница во односите на двете држави. Соговорниците изразија задоволство од позиционирањето на Северна Македонија како релевантен соговорник и активен чинител во спроведување на западните вредности, нешто што ЕУ треба да го препознае, изјавија од македонската амбасада во Тирана.
© Македониум